Државниот пазарен инспекторат затворила угостителски објект во гостиварско каде вчера се одржувала свадбена веселба со над сто гости, иако тоа е забрането, информира МВР.
Како што соопштија од полицијата, вчера во 18:50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во гостиварски Добридол, сопственост на 33-годишниот М.И. од ова село, била организирана свадбена веселба од 55-годишниот М.И. од гостиварско Врапчиште, на која присуствувале околу 120 гости.
Comments are closed for this post.