Меѓу точките на дневен ред на денешната собраниска седница се наоѓа и точката за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Интерпелација за Спасовски е на предлог на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја поддржи интерпелацијата за работата на Спасовски.
Пратениците денес ќе одлучуваат и за предлог одлуката за продолжување на кризната состојба во цела држава поради влезот и транзитирањето на мигрантите.
Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, двата во прво читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВУД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, по скратена постапка, Предлог-законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка, се меѓу точките од деневниот ред.
Comments are closed for this post.