МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски., обвини ВМРО-ДПМНЕ.

3.3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4.5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и Индустри сервис.

Наместо подобра услуга, полицајцитр добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав, на полицајците Индустри сервис ќе им сервира гулаш и грав од конзерви.

Индустри сервис не е производител на храната која ја понудил, туку прерподавач. Оштетени се полицајците и сите вработени кои јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров.

Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на Индустри сервис. Понудена е храна која ја нема пазарот, избраната понуда има ј неправилно пополнета техничка спецификација.

Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало Индустри сервис, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен темелник на фабриката на истата компанија.
Дали блискоста на Спасовски си сопственикот на Индустри сервис е причината поради која МВР ќе плаќа 1/3 повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат.