Има ли топли радијатори во Вила Водно на македонскиот претседател Стево Пендаровски? Иако грејната сезона започна, радијаторите се ладни. Единствено во раните утрински часови има млаки радијатори и тука завршува греењето за скопјани.

-Наутро има млаки радијатори. Преку ден веќе тие се ладни. Очекував дека барем навечер ќе има повторно парно, бар два часа, но остана се само добра надеж. Имам бебе дома, морам да пуштам греење, особено за бањање. Еве преку ден не мора да има парно, има сонце, не се ниски температурите, но барем во вечерните часови да имаме греење. Да штетиме струја, а од друга страна мораме да пуштаме клими и греалки за да се стоплиме – коментира скопјанка која живее во централното градско подрачје.

Граѓаните прашуваат дали и кај претседателот Пендаровски радијаторите се ладни цел ден. Тој на почетокот на октомври даде ветување дека ќе го исклучи парното во Вила Водно доколку граѓаните немаат греење. Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.

– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам, рече Пендаровски.

Дали претседателот Пендаровски ги исклучи вентилите и ги остави ладни радијаторите во Вила Водно?!