СДСМ и ДУИ предлагаат  заеднички Манифест преку кој ќе се даде поддршка за водење на преговори за полноправно членство во ЕУ и преку кој се повикува на обединување на сите партии, алудирајќи на поддршка за уставните измени од ВМРОДПМНЕ кое се уште е на ставот дека нема да гласа за нив

Во Манифестот се повикува на прифатените заеднички европски вредности кои произлегуваат од Копенхашките критериуми, Процесот за стабилизација и асоцијација, преговарачката рамка, а сè со цел што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во ЕУ. Во манифестот се наведуваат повеќе аргументи кои се од витално значење за целото општество, а преку кои Македонија се обврзува пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, притоа заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните. „Со предлог Манифестот, изјавуваме дека ќе се залагаме за реализација на сите обврски кои произлегуваат од политичките критериуми за членство во ЕУ, меѓу другото и околу унапредување на добрососедските односи, заштитата на основните човекови права, правата на заедниците, но и усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ со фокус на владеење на правото, борбата против корупцијата и функционирањето на демократските институции“.

 

Ја нагласуваме и важноста од активна улога на сите граѓани на Македонија во процесот на пристапување во ЕУ. Граѓаните на Македонија ќе одлучат за пристапувањето во ЕУ преку референдум кој ќе се одржи пред потпишувањето на Договорот за пристапување на Македонија во Европската унија, односно по завршувањето на преговорите“, изјавуваат лидерите во Манифестот.