Македонија ги почнува преговорите со НАТО, а на пратениците во Собранието останува да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени, се наведува во соопштение на СДСМ.
Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг. Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји-членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО. Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО, кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО, се наведува во соопштението.
Како што наведуваат од партијата, патот е отворен и иднината во НАТО е извесна, но останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
Comments are closed for this post.