Eден од најдобрите музичари на Балканот Горан Бреговиќ вели дека отсекогаш има страв од сиромаштија и оти маж мора да се ожени да ја има рамнотежата во живот.

Цел живот се плашев од сиромаштија. Не е како овде, кога си на улица, немаш тетка кај која ќе одиш на ручек, немаш чичко од кого да позајмиш пари. Војна е, а во војна губиш сè што имаш за еден ден. Долго време, стравот од сиромаштија ме спречуваше. Гледајќи наназад, купував премногу работи поради тој страв. Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили. Сиромашните се тие што купуваат од страв. Сега веќе не се грижам за себе, имам деца, па имам ист страв за нив.

Од друга страна, Бреговиќ е многу јасен за тоа колку е важен бракот за рамнотежата во животот на една личност: „Треба да се ожениш.

Мора да имаш некого во твојот живот за да создаде рамнотежа, за да не оди предалеку во еден правец. Бракот и семејството се за тоа.“