Нема одложување на пописот и покрај воведувањетона полициски час, изјави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Никој не може да каже дека за една година нема да е исто. Не може ни за месец или два да одложиме, бидејќи ни тогаш не знаеме дали ќе е различно, а потоа доаѓаат локалните избори, изјави Заев.

Полицискиот час во Македнија почнува вечерва во 22 часот и ќе трае до изутрина до 5 часот во наредните две недели. А пописот е закажан од 1 до 21 април.