Нема поблизок народ на македонскиот од бугарскиот, изјави поранешниот претседател на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, во интервју за БНТ.

Селмани, како што пишува БНТ, престојувал во Бугарија и имал интервјуа со двајцата вицепремиери Екатерина Захариева (веќе е објавено н.з.) и Красимир Каракачанов за состојбата во која се наоѓаат односите меѓу Бугарија и Република С.Македонија.

-Слушнав некои приказни дека македонскиот јазик бил поблизок до српскиот јазаик. Знаете, тоа се такви будалаштини и таа реторика мора да заврши и ние треба да изградиме нормални односи со Бугарија. Јас искрено верувам дека во Скопје има луѓе, кои ќе ја разберат оваа реалност и дека ќе се направи редефинирање на идејата за македонизмот, изјави Селмани.

Во емисијата „Светот и ние“, Селмани прави анализа на причините поради кои процесот на интеграција на С.Македонија стагнира. Според него, во Македонија има политички елити, кои произлегуваат од бившиот комунистички систем.

-Се уште е жив негативниот однос кон Бугарите, што беше негуван во времето на Југославија, зашто требаше да се создаде имагинарен непријател за да бидеме поблиску до Србија и другите југословенски народи, вели Селмани.

Целото интервју видете го на следниот линк:

https://bntnews.bg/news/zhurnalist-vse-oshte-e-zhivo-negativnoto-otnoshenie-kam-balgarite-v-republika-severna-makedoniya-1096235news.html