Официјално, со 95 гласови ЗА, 12 против и без воздржани, законодавниот дом попладнево донесе одлука со која направи измени во законот за попис и истиот го пролонгира за наесен.
Ова следува откако претходната недела на тет-а-тет средба го договорија лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Барањето на опозицијата за одложување на пописот го темелеа врз големиот број на заразени со коронавирусот, но несогласувања имаат и во самата методологија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дијаспората само се евидентира, а не дека се попишува, додека пак од Власта велат дека попис се врши на сите. И на тие кои се во и на тие кои се надвор од Македонија.
Исто така со 95 гласа „за“ Собранието ги донесе измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. Против и воздржани немаше. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за“, а против и воздржани немаше.
Comments are closed for this post.