Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19.
Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал, и покрај сериозната претпазливост, не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето, напиша тој на „Фејсбук“.
Comments are closed for this post.