Директорот на Дрисла од ВМРО-ДПМНЕ Јане Мицевски си даде оставка. Како причина наведува дека немал никаква поддршка од Градот и оти градоначалничката Данела Арсовска немала слух за проблемите на Скопје.
Тој вели дека си заминува со крената глава.
Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи.Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците.Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година..Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба, пишува Мицевски.
Comments are closed for this post.