Бугарската агенција БГНЕС го обвини колегата Бранко Героски дека „измислил интервју“ на поранешниот премиер и штотуку поставен специјален „емисар“ на Владата за односите со Бугарија, Владо Бучковски.
За агенцијата е спорно не само наводното „интервју“, туку и некои изјави на Бучковски, што Героски ги наведе во негов текст, прозивајќи го да се изјасни околу етногенезата на македонскиот народ.
Но, ако за агенцијата БГНЕС се е спорно, меѓу другото, и изјавата на Бучковски дека „Македонците постојат од 1944 година“ и оти „Бугарите се постар народ“, како тоа истата таа изјава со задоволство се користи во бугарските медиуми?!
Па, така, на пример, порталот Труд.бг уште вчера ја цитираше истата изјава на Бучковски во текст на извесна Мариела Балева, насловен како „Македонски работи, ама убави“.
И како сега колегата Героски измислува, а извесната Балева не?!
Comments are closed for this post.