Заменик директорот на Заводот за статистика Илми Селами е убеден дека е мала бројката на оние што не се попишале од разни причини, но оти и за нив ќе се најде чарето.Тие ќе бидат попишани преку вкрстувањето на базата на податоци.

Кај нив единствено нема да биде наведена етничката, верската и јазичната припадност бидејќи за тоа треба да се изјаснат лично.

„Станува збор за 1.000 луѓе. За да ви биде појасно, кога попишувачот доаѓа кај вас, ви ги поставува сите прашања по ред од прашалникот, а вие одговарате. Значи, таму каде што имаме податоци, за тие лица, тие податоци се вметнуваат како податоци земени од дата базата, базата на податоци, додека податоците кои се однесуваат на етникумот, религијата, јазикот кој го користат дома итн., за жал ќе останат непополнети, бидејќи реално така е. Значи, ќе има граѓани кои не учествувале во Пописот, а постојат тука. И зошто се прави ова? Повторно се навраќам. Значи, ова е статистика, јасна слика за луѓето, за да се направат планови, колку луѓе имаме, сега, 1000 луѓе кои живеат во Република Северна Македонија кои не се опфатени со Пописот, и не се малку за одредени пресметки, планови за економијата, образованието итн., но повторно ќе речам, тие ќе бидат посебен дел надвор од пописот, нема да бидат опфатени со пописот, но ќе биде наведено дека тие постојат, ќе бидат евидентирани како граѓани кои се во  Македонија но не учествувале во пописот, но постојат како такви во државата“.-изјави Селами за „ТВ21“.

Но, и покрај тоа што вториот човек на Статистика вели дека е мал бројот на оние што од било какви причини не се попишаа сепак до редакцијата на „Пресинг ТВ“ стигнаа многу јавувања на граѓани кои не се попишале бидејќи попишувачи воопшто не дошле кај нив дома.

Други случаи се забележани дека цели стамбени блокови во сопствениците се уште немаат имотни листови исто така не биле опфатени со попишувањето.

Првиот човек на Статистика Апостол Симовски пред неколку дена изјави дека тоа не е точно и оти нив не им било важно дали лицата имаат имотни листови или се под кирија.