Веднаш по соопштението на МВР, Амбасадата на САД во Скопје издаде безбедносно предупредување до своите државјани кои престојуваат во Македонија да бидат внимателни.
-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјаните на САД во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети., соопштуваат од амбасадата на САД во Скопје
Comments are closed for this post.