Европската Комисија планира да ги презентира извештаите за земјите на крајот на мај. Врз основа на значајниот остварен напредок, силно сум уверен дека ќе можеме да приложиме позитивен извештај и јасна препорака за пристапни преговори со Скопје.
По ова, ќе биде на земјите членки да донесат одлука, објаснува Комесарот за проширување Јоханес Хан за МИА.
Според него, кога партнерите ги исполнуваат јасно поставените критериуми, ЕУ исто така треба да си ги исполни заложбите и да премине на следната фаза од пристапниот процес со Северна Македонија.
Да се даде кредит онаму каде е заслужен! Во прашање е кредибилитетот на ЕУ. Она за што говорев на средбата во АФЕТ е нормална подготвителна фаза откако Советот ќе даде зелено светло. Се разбира дека пристапните преговори нема да почнат преку ноќ. По одлуката на Советот двете страни треба да ја постават таканаречената преговарачка рамка и да договорат меѓувладина конференција. Ова е вообичаена процедура и иста е за сите земји, тоа го знаат нашите партнери и во ниеден случај нема одлагања или „дополнителни чекори и барања“ во овој процес – објаснува Хан.
Комесарот смета поставувањето на агендата на Советот е во рацете на ЕУ претседателството и оти се надева на позитивна одлука
На прашањето далиима ли уште земји членки кои се противат на старт на преговори со нашата земја, Хан одговара дека ЕУ се соочува со два предизвици а тоа се изборите и Брегзит.
Comments are closed for this post.