Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата – напиша Хан на Твитер.
Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.
Referendum in ??: I congratulate those citizens who voted in today’s consultative referendum and made use of their democratic freedoms. With the very significant “yes” vote, there is broad support support to the #Prespa Agreement + to the country’s #Euroatlantic path. 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) September 30, 2018
I now expect all political leaders to respect this decision and take it forward with utmost responsibility and unity across party lines, in the interest of the country. 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) September 30, 2018
Comments are closed for this post.