Секој што ќе го слушне името на Јоханес Хан, прво што му доаѓа на памет е Договорот од Пржино според кој тогашната опозиција на чело со СДСМ без избори дојде на власт. Хан беше како домаќин во вилата на ЕУ на улицата Зеленгора во населбата Пржино.Таму му доаѓаа Зоран Заев, Никола Груевски, албанските лидери, тогашниот амбасадор на САД Џес Бејли..

Хан даваше изјави и во четири изутрина како тој договор е важен за земјата и оти треба да и се даде на опозицијата да влезе во владата, за како што велеше да има кредибили избори.

Договорот се потпиша а на изборите Хан нескриено навиваше и лобираше за СДСМ кој иако не победи на изборите направи влада со ДУИ.

Но, мешањето на тогашниот комесар за проширување не заврши тука. Тој се вклучи и во процесот на промена на името. Позната е онаа негова изјава кога побара на „балкански начин“ да се обезбедат пратеници за промена на Уставот. Неговиот совет го послушаа и така беа обезбедени оние осумина пратеници кои гласаа за промена на името.

Кој е Јоханес Хан

Тој важи за контроверзен политичар.Доаѓа од Австрија има 64 години. Зад неговото име се врзуваат многу скандали.

Член е на Надзорниот одбор на казино компанијата „Новоматик која во 2014 година кога тој станува комесар го купува македонското казино „Фламинго“ во Гевгелија.

(фото: pixabay.com)

Неговото мешаање во внатрешните работи во Македонија продолжи и кога доби нова функцијата во ЕУ. Сега е комесар за корупција.Од таа позиција бараше од ВМРО-ДПМНЕ да се однесува како вистинска опозиција, па ветуваше пари за Македонија, имаше став за случајот „Рекет“, а даде и поддршка за владата на Заев.

Неговиот коруптувен карактер денеска го откри и  францускиот дневник “Либерасион“.Весникот го  обвини Хан за корупција, наведувајќи дека дозволил на ловечките излети и скапи вечери и ручeци да го повикуваат странски лобисти, без тоа да го пријави.