Комесарот Хан треба да си ги гледа сопствените задолженија. Неговиот мандат од пет години како комесар за политикта за добрососедство и проширување беше целосно неуспешен. Зашто, нема никаков напредок во однос на политиката кон соседите и затоа треба да се концентрира на сопствената работа. Но, во однос на нашата политика кон Македонија, ние не го гледаме тоа пршање за бившиот премиер како политичко, туку како правно прашање, зашто унгарската влада нема ништо зедничко со тоа.

Ова во специјалното интервју за бугарската телевизија „БНТ“ го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, одговарајќи на прашањето како се одразила одлуката за давање политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и барањето на еврокомесарот Јоханес Хан, Будимпешта да даде објаснување за таквиот потег.

Сијарто уште еднаш повтори дека политичкиот азил Груевски не го има добиено од унгарската влада, туку од независниот орган Службата за имиграција и државјанство. Тој повтори дека унгарските политички односи со Македонија остануваат непроменети.

Ние секогаш сме ја поддржувале нивната европска интеграција и интеграцијата во НАТО. Нашата позиција е дека Македонија веќе требаше  да биде поканета во НАТО. Ние сме за целосна интеграција на Македонија, силно ги поддржуваме за испраќањето покана за НАТО веднаш штом биде завршена процедурата за името и од двете страни, а македонската јавува дека веќе ја завршиле. Сега на потег е Грција. Тие ја имаат нашата поддршка и ќе ја имаат, политичка, економска. Јас бев јасен пред министерот за надворешни работи-тоа правно прашање нема да влијае на никаков начин, изјави Сијарто.