МВР на Оливер Спасовски, склучило договор според кој за една гума за возило ќе ја плаќа и двојно поскапо отколку што секој еден граѓанин би платил кога купува иста таква гума. Вообичаено логиката кај тендерите и набавките на големо е цената која ја плаќа една институција да биде далеку помала од цената на истиот тој еден производ во малопродажба, но овде не само што цената не е помала, туку е двојно поголема, изјави на денешната прес конференција, Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено со договорот тежок речиси 1.5 милиони евра, кој МВР го склучила со фирмата „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје. Една гума со димензии 215/70 R 16 – 4X4 од брендот односно модел SAILUN ICE BLAZER ALPINE – EVO МВР ја плаќа 8.700,00 денари без ДДВ, додека иста таква во продажба на мало чини само 3.660 денари. Еве и еден друг пример, гума со димензии 215/65 R16, од брендот односно модел SAVA ESKIMO HP2, МВР ќе ја плаќа 8.950,00 денари без ДДВ, додека иста таква гума секој еден граѓанин може да купи по цена од 4.065 денари. Ако тргнеме по логиката дека и специјализираните продавници и салони за автомобили имаат заработка при продажба на гумите за возила, тогаш доаѓаме до заклучок дека од набавката на МВР на Спасовски имаме 750.000 евра повеќе од нормалната заработувачка, односно пари кои државата непотребно ќе ги плати, а ќе завршат во нечиј џеб, истакна тој.
то
Јанушев вели дека прашањето е каде треба да заврши разликата од 750.000 евра?
– МВР на Спасовски доколку работи според јавниот интерес, а не за личните интереси цени ќе го применеле член 114, став 1, алинеја 4 од Законот за јавни набавки, во кој е наведено дека понудата се одбива како неприфатлива во случај да: -„Понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот”. Комисијата за јавни набавки на МВР претходно во друга постапка за истата ваква набавка, ја има поништено постапката со токму вакво образложение за повисоки цени, но за понуда поднесена од друга фирма. Во таа постапка, Комисијата има вршено истражување и анализи на цените на движењето на пазарот. Овој пат според информациите кои дојдоа до нас под притисок на помошник министерот Андријана Савеска Павловска, таква анализа не е направена. Фактите и информациите кои ги презентирав денес се доволен повод ЈО да отвори истрага и да го испита случајот. Не смее со пари на граѓаните да се плаќаат набавки двојно поскапи од пазарните цени. Ова е чист грабеж кој мора да се санкционира, а одговорните да одговараат. 4 години власт на Заев, 4 години грабежи. 4 години украден живот, додаде тој
Comments are closed for this post.