Се среќаваме со сериозен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, екс премиерот и азилант во Унгарија, Никола Груевски.

Во првото интервју за странски медиум Груевски изјавил дека Србија нема врска со неговите одлуки.

Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми – вели Груевски за Пинк.

Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО , и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем.

Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.

Зборувајќи за гласањето за промена на уставот во Собранието и нудењето на аболиција на поединци од ВМРО ДПМНЕ од страна на мнозинството, Груевски вели дека тоа не се крие, туку веќе отворено за тоа се зборува.

извор: Пинк