Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарски Фокус, повикувајќи се на висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
Изворот, кој агенцијата не го именува туку само општо го лоцира, најверојатно во партиското раководство, рекол дека екс-премиерот , кој треба да одлежи двогодишна затворска казна, најверојатно е во Русија или во Турција.
Други информации агенцијата, која има добри извори на информирање во Македонија, не дава. Во поголемиот текст објавува што пишуваат другите медиуми, како на пример германските, кои констатираат дека бегствотото на Груевски ги надминало балканските граници. „Ди велт“ на пример се занимава со откривање на рутата преку која стигнал до Унгарија. Исто така весникот излегува со теорија дека Груевски можеби пребегнал со бугарски пасош, дека бегството претходно го планирал со Орбан.
Со тоа топката се пренесува во дворот на унгарските власти кои би требало детално да истражат како Груевски успеал да влезе во земјата и евентуалната улога на Владата на Орбан.
Comments are closed for this post.