Во сенка на мега корупцискит скандал на владата „Рекет“ останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета – пишува поранешниот премиер, Никола Груевски, на својот Фејзбук профил.
Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, истакнува дека начинот на кој се води случајот „Рекет“ е последната потврда дека мафијата ја контролира државата, односно дека државниот врв стои зад мафијата.
Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.
Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки – пишува Груевски.
Во сенка на мега корупцискит скандал на владата “Рекет” останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и…
Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, September 4, 2019
Comments are closed for this post.