И екс – премиерот Ниола Груевски на Фејсбук го честита Денот на независноста 8 Септември. Во објавата се присетува дека кога се прогласувала независноста бил студент и имал 21 година.

Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава.
Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов, пишува Груевски.

Вели дека празникот треба да не потсеќа дека сме независна и суверена држава, дека треба да се стремиме кон поголема, а не помала сувереност и дека никој сосила нема да не тера да го практикуваме тоа, ако самите се трудиме друг да ја превземе одговорноста за одлуки кои треба сами да ги донесеме и за одлуки за нашата судбина.

Да бидеме многу посуверени и понезависни. Барем онолку- колку земјите во чие друштво се стремиме да влеземе. Нашите сегашни сојузници, ќе ни останат сојузници, како и ние ним, но ќе не гледаат како позрела нација и нејзино водство, а нивните преставници интимно повеќе ќе не почитуваат, пишува Груевски.