Поранешниот премиер Никола Груевси, коментирајќи го тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристевски вели дека се чини како да власта тоа да го посакувала.
Според него, власта освен што е преполна со омраза и фрустрација имаат една голема група поддржувачи кои се хејтери незадоволни од себе и кои се задоволуваат само кога ќе слушнат за некое страдање на некој кој го мразат, вели Груевски во разговор за „Република“.
Во ситуација на пад на рејтингот на СДСМ и меѓу овие нивни гласачи, а голем дел од нив и членови на партијата, веројатно се обидоа да ги задоволат. Воопшто не биле загрижени за последиците. Тоа е одлика на психопати. Човек кој нема чувство за болката на другиот е основната дефиниција за психопат.
Земете го случајот на Миле Јанакиески. Тој беше во домашен притвор со дадени високи гаранции со својот имот кој судот ги прифати. Од домашен притвор го однесоа во притвор за утредента експресно да го претепаат. Потоа два дена го носеа во болници и го вратија во домашен притвор повторно. Има ли некој рационален одговор зошто го однесоа и го вратија од притвор во домашен притвор за само 2-3 дена, освен за да биде претепан. Ништо друго не е сменето. Некои луѓе сметаат дека со претепување се крши духот. Можеби кај некои. Но, кај Миле и Спиро, тоа нема да е случај.
Да не заборавиме дека пред претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беше претепан и Јане Ченто, кого заедно со уште една група ги држат во притвор повеќе од 15 месеци.
Сепак, траумата и врз нив но и врз сите нас од ВМРО и пошироко ќе остави последици и еден ден може да резултира со нови трауми, но насочени кон нарачателите на оваа со ништо незаслужена казна и криминално однесување на власта.
Во политиката тркалото се врти. Исто како и во животот. Не знам што планира Заев потоа, но не би сакал да сум во негова кожа. Тој засега нема акции против терористи од кои ќе ја брани државата бидејќи стана нивни миленик, но голем дел од Македонците долго ќе се сеќаваат на ова време кое колку и на почетокот кога ги нарековме „хунта“ да звучеше за некои луѓе нереално, како што минува времето, луѓето од власта, некако како од петни жили да се борат да ја оправдаат таа квалификација-вели Груевски за „Република“
Comments are closed for this post.