Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, ги демантираше денешните зборови од страна СДСМ, дека ти се обвинети за земање провизија.

Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој.

Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот Мерцедес, влијание заради остварување корист.

Во случајот за Мерцедесот, користта исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист.

Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.

Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани, напиша Груевски на фејсбук.