Министерствта за внатрешни и надворешни работи потврдија дека екс премиерот Груевски се наоѓа во Унгарија и дека побарал азил. Откако стигна потврда за локацијата на која се наоѓа Груевски МВР го информира судот и беше издадено решение и распишана меѓународна потерница.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското Министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил, соопшти МВР.
Веста дека Груевски е во Унгарија бешепотврдена и од МНР. Таму денеска на разговор беше повикан унгарскиот амбасадор Ласло Дукс.
Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија. По средбата во МНР, потврда за веродостојноста на информацијатаа е добиена преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во разговорот беше нагласено, дека на својот европски и евроатлантски пат, Република Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, што беше дел и од препораките во експертскиот извештај на Р. Прибе, соопшти МНР.
Од друга страна додека трае постапката за азил Груевски не може да биде екстрадиран во Македонија. Ова во изјава во емисијата “Само вистина” на Канал 5 го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Лицето кое бара азил мора да аплицира до Управата за имиграција и азил, веднаш штом се најде на територијата на земјата. Овој орган има законски рок од 60 дена да го прифати или одбие барањето, до кога треба да ги слушне причините зошто апликантот бара политички азил. Унгарскиот закон предвидува и забрзана постапка, во која може да се одлучи за 15 дена, изјави Спасовски.
Comments are closed for this post.