„Со случајот „Рекет“ се потврдува потребата за транспарентност, за ветинг посебно за обвинителите, судиите, но и за сите тие што се зафаќаат со јавна служба вклучувајќи ги и политичарите“, изјави денеска пратеникот Артан Груби од ДУИ.
Груби рече дека се надева оти институциите ќе ја завршат својата работа на најдобар и најтранспарентен можен начин и дека тоа ќе не доближи до НАТО и до ЕУ, иако за него членството во Алијансата е веќе завршена приказна.
„Додека за ЕУ владеењето на правото е апсолутен приоритет, со целосна почит кон пресумпцијата на невиност, дека институциите функционираат и се надевам дека ќе видиме епилог што ќе биде согласно Законот“, рече Груби.
Comments are closed for this post.