Ќе продолжат разговорите за сработеното од страна на министрите на ДУИ, изјави пред почетокот на продолжението на седницата на партиското претседателство наменета за отчет на министрите, Артан Груби, членот на претседателстово на ДУИ и шеф на кабинетот на претседателот Ахмети.

Како што кажа Ахмети, не постои огнена група. Имаме 34-члена група на претседателството плус три по автоматизам вкупно 37 члена. Се разговара како и минатиот пат и овој пат за сите сработени работи од 2020 до 2022 година, претежно 99 отсто од дебатата е за економските ресори и капитални инвентциии, дали се реализирани патишта, болници, училишта, канализации, водовод итн., изјави Груби.

На новинарското прашање дали има преговори со Алијанса за Албанците, тој рече дека немало такви разговори, но добредојдени се прогресивните сили за достигнување на уставните измени.

Немало конкретни разговори за влез на Алијанса во Владата. Но секако сите преогресивни, проевропски сили кои што се залагаат за европска Македонија, се добредојдени да ги зддружиме напорите за да ги реализираме уставните измени и реформите потребни за продолжување на европски пат. Ценам дека целото претседателство на ДУИ е на таа линија. Сите парламентарни партии кои се залагаат за евопска Македонија исто така поддржуваат такви напори, рече Груби.