Конечно се прави одвојување на македонскиот од бугарскиот народ и тоа со прифаќање од страна на самиот бугарски народ кој како што знаете, се до вчера, имаше други претензии, изјави првиот вицепремиер кој и денеска повтори оти смета дека проевропското крило во опозицијата во Собранието ќе даде поддршка за уставните измени
Уставните измени не дека ќе се случат туку мора да се случат и од нив најголем добитник е македонската заедница бидејќи со тоа се прави одвојување на македонскиот од бугарскиот народ, вели првиот вицепремиер Артан Груби.
Тој вели дека ако до вчера Бугарите имале други претензии, сега со договорот да се направат уставни измени, Бугарија всушност потврдува дека постои посебен македонски народ и јазик.
„Без уставните измени Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред. Затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, да ја види нашата земја рамо до рамо со членки на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од кои најголем добитник е македонската заедница во РСМ затоа што конечно се прави одвојување на македонскиот од бугарскиот народ и тоа со прифаќање од страна на самиот бугарски народ кој како што знаете, се до вчера, имаше други претензии. Од овој процес најголем добитни е македонскиот народ во земјата и сите граѓаните во земјата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на Република Северна Македонија“,
Comments are closed for this post.