Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во изјава за „А1он“ тврди дека функционерите од ДУИ ги почитувале протоколите при прославата на роденденот на партискиот лидер Али Ахмети во новите објекти на Министерството.
Протоколите првенствено ги почитуваме за наше лично здравје и за нашите семејства како и за граѓаните, тврди Груби за „А1он“.
Сепак, на фотографијата која ја објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а подоцна и ја избриша од Фејсбук се гледа дека 15-те функционери ниту носат маски, ниту одржуваат дистанца и се седнати еден до друг.
Груби вели дека настанот бил мало изненадување за Ахмети.
Comments are closed for this post.