Нам никогаш не ни недостасувал разум туку лудост , велеше еден од најславните Илинденци Питу Гули во реплика од филмот Републиката во пламен. И навистина нас како Македонци ни недостасува малку лудост во овие времиња кога Бугарија и Грција ни негираат и јазик и нација а оние од СДСМ се им потпишаа во името на добросодедството. Кој не бил посакал таков сосед.
Еве на пример Бугарија тврди дека нашиот македонски јазик не постои а Грција пак вели дека тоа е некој безимен јазик кој се зборува од Гевгелија нагоре.
Како тогаш во 1925 година токму во Атина е издаден Абецедарот, односно букварот на македонскиот јазик. До сега не се видело да се издава буквар на јазик што не постои и дури 20 години пред Бугарите да тврдат дека Тито набрзинка ни го измислил јазикот во 45-та, а Блаже Конески склопил некои зборови и имиња кои си ги нарекол македонски јазик, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Претседателката Сиљановска на Мечкин камен професорски тоа го објасни мафтајќи на Мечкин Камен со абеседарот да го видат оние во Софија и Атина. Навистина зошто ниту во Грција ниту во Бугарија не се одбележува стогодишнината од излегувањето на овој абецедар.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Каја Шукова се приклучи на тимот на Орце Ѓеоргиевски
Вака би можела да гласи пораката на Каја откако нејзиниот потенцијален против кандидат Мишко Ралев се приклучи кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на главниот град. Овој потег на Ралев, за кој велат дека би бил добар кандидат за градоначалник покажува во каква ситуацијата се СДСМ. Не знаат кај тераат. До кое дереџе ја донесоа Заев и Филипче кандидати да им пребегуваат во најлутиот ривал.
По овие избори, на кои СДСМ ќе освои еден-двајца градоначалници ќе им се случи судбината на Сириза во Грција која сега е минорна левичарска партија во Грција a не толку одамна со Цирпас и Зоки беше фактор на Балканот. Или пак Демократската странка во Србија која беше најзаслужна за демократските промени кај северниот сосед.Ете тоа ќе биде СДСМ по локалните избори.
А нив овие избори им се терет, знаат што ги чека. Главен фокус на СДСМ на овие избори е Чаир и како да победи Бујар Османи од ДУИ. Да, целата логистика на СДСМ е насочена кон Чаир бидејќи само ДУИ може да им овозможи во некои идни времиња да чепнат власт бидејќи нив само тоа ги интересира. По можност без избори, оти од гласање бегаат како ѓавол од крст.
Планот е овој
Ако Бујар победи во Чаир, чаламот или курчот кај ДУИ ќе биде на максимум и ќе барааат тие а не Вреди да бидат коалицискиот партнер во владата. Во превод да се репризира сценариото од 2008 година кога врз тогашниот премиер Никола Груевски беше направен притисок место ДПА во влада да ги земе ДУИ. Се направи дури и Мајски договор кој го прекрши токму ДУИ. Така да дечки од Чаир ..џабе везете. Тоа што една ви поминало еднаш, сега не проаѓа , се сменија времињата и внатре и кај оние што ве поддржуваа однадвор.
А Бујар е опасно влезен во чаирски филм. Како паднат од Брисел се чуди како во Чаир имало дивоградби а немало тротоари за да може со сопругата да го шетаат детето. Поранешниот министер за надворешни работи на светот како што нарекуваше Али Ахмети, како да заборави чии кадри беа градоначлници на Чаир 20 години. Бујаре Бујаре Што си дигал рака, koментира авторот на колумната.
Реченицата ни срам ни перде како да е измислена за Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и досегашната претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска.
И со изгласана интерпелација во Собранието Коцевски не сака да си замине. Не можел да си замине бидејќи имале два важни случаи, Онкологија и Кочани каде имале црсти докази. Брее брее, мислиш Коцевски лично ја води истрагата па ако замине ќе се наруши. Нема врска, Коцевски го чуваат на чело на Обвинителството за одбилску да пази да не излезе некој случај за дружината на Зоки и Венко па и за нив двајца.
Коцевски го штитат и неколкумина обвинители од поранешното СЈО. Не им е нив за Коцевски, туку за тоа ако мораат да ги враќаат бонусите што им ги делела Катица Јанева кои достигнуваат и до 100.000 евра. Така да интересот Коцевски да остане е кеш и страв од затвор. Други причини нема. После се чудиме зошто судството и обвинителството имаат два посто рејстинг. Еве зошто.
Иста е приказната и со довчерашната претседателката на Антикорупциската комисија. Кога буквално сосила ја натераа да си поднесе оставка сега таа сака да се врати на претходното работно место-помошник на главниот државен ревизор и да не ја гонат обвинители за организиран криминал. И фали уште музичка желба во стилот на нејзината двојничка-Катица Јанева.
Comments are closed for this post.