По објавените фотографии и снимки од гласањето на премиерот Зоран Заев, на денот на референдумот насоцијалните мрежи се појавија коментари дека македонскиот премиерот  гласаше пред картата на „Голема Македонија“.Жестоките коментари доаѓаат најмногу од Грција.

Кога премиерот со неговиот син влезе во училницата каде што гласаше на зидот висеше картата на Егејска Македонија на кои се наоѓаат територии од денешна северна Грција.

И на видеото кое беше објавено на Јутуб каналот на Владата по гласањето јасно се гледа дека Заев гласа додека на ѕидот виси „Голема Македонија“.