Прашањето за етничката и верска припадност сепак ќе останат во графата при спроведувањето на пописот на населението, дознава ПресингТВ од извор од Државниот завод за статистика.
Причина за тоа како што открива нашиот извор е притисокот од јавноста и политичките партии.
Во однос на податоците за јазикот, ќе бидат поставувани две прашања: кој е вашиот мајчин јазик и кој јазик се говори во домаќинството.
Како што дознава ПресингТВ, предлогот од Државниот завод за статистика е вратен на доработување, а како што тврди изворот, тоа ќе значи и одложување на пописот наместо во април, за во јуни 2020 година.
Пописот ќе се спроведува со анкета лице в лице што ќе ја спроведуваат обучени попишувачи и со користење на базите на податоци на 12 институции. Ќе се попишуваат граѓаните што живеат во земјата, оние што се до една година надвор од неа и странците што живеат тука над една година. Дијаспората ќе се пријавува електронски.
Comments are closed for this post.