Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.
Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој, инфомираат од Град Скопје, ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.
Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, стои во информацијата од Град Скопје.
Comments are closed for this post.