Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го одржа еден од најобединувачките говори. Ниту збор напад кон своите политички ривали, но тоа точно посочување на решенијата и проблемите со кои се соочува Македонија.
Во она што го нарекува втора епоха на партијата, Мицкоски побара општествена мобилизација од страна на секој поединец и подавање рака за преродба на државата, обнова и промени кои ќе ја донесат новата иднина.
Тој додава дека заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.
Мицкоски во својот говор за првпат го истакна терминот „заеднички патриотизам“.
То објани дека заедничкиот патриотизам е подавање на рака едни со други во име на напредок кој заеднички го сакаме и оти ВМРО-ДПМНЕ се отвора кон сите Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и нуди соработка за подобар живот.
Заедничкиот патриотизам значи создавање на имунитет кон секој обид на манипулација на власта кон етничките прашања кои нè разединуваат. Видовме дека нема ваши и наши, дека сите ние сме под истиот покрив кој подеднакво прокиснува за сите, кому му треба поправка и силно реновирање за да го вратиме сјајот и да биде подеднакво заеднички. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор да ги градиме училиштата во Битола и Тетово, подеднакво како во скопско Ѓорче и скопски Чаир. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор е да си ги вратиме децата кои поради истите причини ни се распослаа низ светот и сега ги затворија куќите-нагласи Мицкоски.
Јасно е дека Мицкоски сака во следниот период кога ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе дојде на власт да обезбеди иднина на сите граѓани на Македонија без разлика на етничката и верската припадност бидејќи само така државата може да напредува и политички и економски.
Неколку клучни цели
Мицкоски посочи дека се дефинирани неколку цели, како ниски даноци, сузбивање на криминалот, влез во ЕУ, заштита на националните интереси.
Како најважна цел во поглед на економијата е намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка на 8% а пак персоналниот данок за млади луѓе да биде 0%.
Се залага и за намалување на невработеноста и таа да стане едноцифрена. И секако она што е наша најголема рана тоа е корупцијата. Тој најави отворена војна против корупцијата и наместо сегашното 111то место на листата на Транспаренси да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупција со објективни резултати од корист за нашите граѓани.
Она што е најважно е што Мицкоски успеа да го обедини ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега. Силно ВМРО-ДПМНЕ и е потребно на Македонија да се врати на вистинските вредности каде што евроинтеграцијата нема да биде само обичен збор за прикривање на неспособноста туку наша реалност.
Comments are closed for this post.