Експресно и без голема дебата Собранието со 81 глас ги усвои уставните измени согласно Договорот од Преспа. Со измените на четирите амадмани и на уставниот закон новото име на државата ќе биде Република Северна Македонија.

Измените ќе важат откако Грција ќе го изгласа Договорот во грчкиот парламент како и протоколот за пристап на НАТО.

На расправата учестуваше единствено премиерот Зоран Заев кој ги образложуваше амдманите, вклучително и последните измени договорени со Билал Касами од Беса.

Елизабета Канчевска Милевска побара појаснување  кои биле причините да се прифати терминот „ерга омнес“.

Премиерот ќе го води сенка кога долг период велеше дека нема да се менува Уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ да бидат неми посматрачи и да не учествуваат во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најлошиот пат кон решавање на ова историско прашање. Со тоа ја потврдија лажната политрика и лажниот патроитизам. Потврдија дека сакаат ова сето брзо да се заврши и некој друг да го заврши, а потоа на прес-конференција да ги набројат со име и презиме кои се предавниците, рече Канчевска Милевска.

Можам да им порачам дека предавници не се чувствуваме во ни еден момент, ниту претходно, ниту сега. Предавници се оние кои бегаат од проблемите и не нудат никакви решенија, рече Канческа-Милевска и додаде дека е убедена оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги утврди пропустите.