Како што соопштија од полицијата, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај. Огнот се гасне со пет хеликоптери а жителите очајно бараат помош иако и самите се борат со стихијата.
Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.
Забраната ќе важи сè додека се стабилизира состојбата со пожарите.
Comments are closed for this post.