Премиерот Зоран Заев во понеделникот по пожарите во Кочани најави дека уште утре ќе биде донесена одлука за сервисирање на противпожарните авиони т.н „Канадери“.

Канадерите се приземјени, Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка од Хрватска за сервисирање и тоа уште утре ќе го направи за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавните набавки-изјави Заев завчера.

Но, минаа два дена а од таквата одлука нема ни трага ни глас. Владата денеска ќе одржи седница но на дневен ред ја нема точката за сервисирање на авионите.

Но од владата за „Pressing TV“ велат дека сепак во последен момент може да дојде до промена на дневниот ред и за оваа точка да сепак да се дискутира.

Канадерите беа набавени од Шпанија од претходната влада но тие се приземјени и несервисирани веќе неколку години.