Глутница од десетина кучиња скитници секојдневно се дел од панорамата на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Проблемот со овие животни е што многу често се придружуваат на бројните групи туристи што го разгледуваат центарот.

Поради таквата појава, бројни се и коментарите на странците на социјалните мрежи за тоа дека токму присуството на кучињата е меѓу моментите што ќе ги запаметат од нивната посета на Скопје.