Првичните анализи врз основа на гласањето по општини покажуваат дека гласовите дадени за Блерим Река, во вториот круг завршија на контото на Стево Пендаровски.
Во Липково за Пендаровски во вториот круг гласале 6.523 гласови, а во првиот круг добил 1.669 гласа. Во првиод круг Река во Липково освои 2.900 гласа.
Во Желино Пендаровски има 3.682 гласа, а во првиот имал само 878 гласа.
Во Арачиново во вториот круг Пендаровски доби 2.909 гласови, а во првиот имал 835.
Во Боговиње за Пендаровски во вториот круг гласале 4.450, а во прв круг 1.547 гласа.
И во Гостивар скок од 11.509 гласа, на нешто над 13.000.
Comments are closed for this post.