Зоран Заев ги обезбеди гласовите на Алијансата за Албанците откако по средбата со лидерот Зијадин Села изјави дека ги прифаќа неговите барања. Премиерот објасни дека ќе менува Преамбулата со цел Албанскиот народ да не се почуствува дека е помалку вреден од Македонскиот народ.
Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.“, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите“. Зборчето „граѓаните“ пред „коишто живеат во границите“ пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…“, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани“ се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“ како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија-нагласи премиерот.
Утре ќе се знае дали Заев ќе може да смета на гласовите на Беса откако за денеска беше закажана средба од претставници на владата и на партијата на Билал Касами. Беса бара да се трне зборот „македонско“ од државјанството и да остане само граѓани на Република Северна Македонија“.
Дали Беса ќе го даде гласот за промена на Уставот ќе се знае на расправата во Собранието кое почнува во 12 часот.
За албанскиот јазик ќе се решава подоцна
Премиерот Заев во одговорите на новинарските прашања објасни и во врска со останувањето на формулациите за државјанството и за јазикот, при што додаде дека станува збор за усвојување амандмани коишто се поврзани со Договорот од Преспа.
„Правно – формално не можеме да го отвориме тоа прашање сега, но времето е пред нас и ќе даде можност за разговори“, одговори премиерот Заев на новинарското прашање во врска посочувањето на албанскиот јазик во Уставот.
Претседателот на Владата, Заев, рече дека дел од прифатените амандмани се со цел пратениците кои изразија поддршка на Договорот од Преспа, да останат во процесот на усвојувањето на уставните амандмани.
Во „дијаспора“ влегуваат и другите заедници
Во однос на „Дијаспората“, премиерот Заев посочи дека наместо „дијаспората на Македонскиот народ“, се додава „и на другите заедници“ и дека со амандман на Уставниот закон се внесува и Косово како петти сосед на нашата држава.
Со тоа, низ прифатените амандмани, како што беше заеднички оценето и во изјавите и на средбата, Алијанса на Албанците е вградена во политичкиот процес на уставните измени со цел реализација на Договорот од Преспа.
Comments are closed for this post.