За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата, тврди Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.
Во изјава за Дојче веле на македонски јазик Ѓоргиев објаснува дека бугарската страна само еднаш го спомнала Илинденското востание како тема за која би можело да се разговара во иднина, но македонската страна го отфрлила предлогот.
Илинденското востание беше спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата. Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание, дециден е Ѓоргиев.
Прашањето дали Илинденското востание било ставено на маса се наметна откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание. Со тоа, вели Османи, се создала рамка во која се очекува Комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Република Бугарија – дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата.
Изразот „Илинденско-преображенско востание“, кој се користи за означување на востанието на македонските и тракиските Бугари вo бугарската историографија, всушност е назив за Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение).
Comments are closed for this post.