Победата беше очекувана бидејќи тој лично доста изминативе 20-тина дена, месец дена ја поминав цела Македонија. Буквално ја преорав Македонија од најмалите места до најголемите места и се чувствуваше во воздухот енергијата. Имаше доста акумулирана енергија кај луѓето. Имаше големо незадоволство од состојбите во Македонија. На Македонија и се случија навистина тешки работи. Македонија беше и тоа како жестоко, жестоко понижена последниве три – четири години. Од друга страна имаме ситуација во која што Македонија има најголема смртност на светот од корона вирусот, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија.
Ѓорчев потсети дека поради неспособноста на власта во Македонија има најголема смртност од КОВИД-19, се погребаа над 7.000 невини граѓани. Над 50.000 луѓе поминаа голгота низ здравството на Филипче каде што немало кревет, каде што немало лекови, немало терапија, немало Брза помош.
– Овој Заевизам е најкорумпиран според листата на „Транспаренси Интернешнл“. Најлошо место во историја откако постои независна Македонија, 111-то место. Опишани сме како хибриден режим, нема нови фабрики, нема нови вработувања, по сите индикатори имаме егзодус од Македонија, иселување како што немало 100 години наназад, рече Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека надежта на луѓето победи, тие избраа подобра иднина. Тивкото мнозинство пресуди на корумпираната власт.
Comments are closed for this post.