Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, на собраниска седница за гласање на новите министри и заменици-министри во Владата, праша дали предложената министерка за финансии Нина Ангеловска на своите вработени ИТ-инженери и веб дивелопери им дава официјална плата од 200 евра.
Бараме одговор дали Нина Ангеловска исплаќа минимални плати и дали дополнителното го дава на рака. Дали е тоа за да не плаќа даноци. Ова што го прочитавме е страшно. Дали платите кои што се исплаќаат ИТ-инженери се минималец. Ако не е така, нека се демантира. Одговорете го ова,.јавноста има право да чуе“, гласеше настапот на Ѓорчев.
Премиерот Зоран Заев на ова со контра-реплика му одговори дека професиите кои што ги навел Ѓорчев во Македонија заработуваат повеже од 1.000 евра месечно.
Тоа е ВМРО-ДПМННЕ. Е-баинг не дозволува толку мала плата. Самиот пазар на труд дава опција секој во тој сектор да има над 50.000 денари. Но не личи со ваква девастираност тоа да го зборувате. Така ли ќе им даваме поттик на младите. Нина избрана е да биде пример за другите млади луѓе да бидат тука. Вака не ги мотивирате, му одговори Заев.
Comments are closed for this post.