Со пароли „Правете градинки, а не ѕидови“, „Сакаме пасркови, не сакаме згради“, „Ѓорче не го даваме“, граѓаните на општина Ѓорче Петров излегоа на улица каде протестираат против урбаното дивеење односно изградбата на 60 метарски згради во населеното место „Дексион“.
Ние како граѓанска иницијатива против урбаното дивеење за спас на „Дексион“ од ова место го креваме својот глас против урбаното дивеење и самоволие во ова населено место и јавно се спротиставуваме против новиот дупот С324 со кој се овозможува подигање на бетонски ѕид токму на ова место. Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината, а две недели добиваме молк, рекоа од граѓанската иницијатива.
Тие јавно го прашуваа градоначалникот Александар Наумовски дали се потрудил да ги информира граѓаните од ова населено место за променета на дупот и што ќе се гради, дали се одржаа јавни расправи за предметниот мафијашки план донесе експресно по негова нарачка.
Comments are closed for this post.