Кој ја штити Катица Јанева? – ова прашање го поставува новинарот Бранко Геровски во својата последна колумна, објавена днееска. Ова е една од низата колумни на Героски посветена на случајот „Рекет“, а овојпат во неа тврди дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е својот најглем заштитник. Според него таа се заканува со откривање на некои работи доколку се направи обид за нејзино приведување. Героски пишува:
„До овој момент, од сознанијата што го има јавноста за текот на истрагата (кои не мора да се целосни, бидејќи истрагата не мора за сѐ да ги известува граѓаните), се истражува главно случајот на „трговија со влијание“ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев, доказите и околностите во врска со тој настан, за кој одамна јавно предупредив дека е многу цврсто и уверливо документиран. Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во „трговијата со влијание“, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор.
Во овој момент, не се знае кој точно се обидува да ја заштити Јанева. Според моите сознанија, тоа не е премиерот Зоран Заев. Тешко ми е да замислам обвинителката Вилма Русковска да има мотив за тоа. По изјавата на Палмер, падна во вода и приказната дека Катица ја штитат Американците. Напротив, моите информации се дека тие се тотално разочарани од поведението на својот некогашен пулен. Според тоа, постои само еден логичен одговор на прашањето кој ја штити Катица, одговор кој е близок до она што се слуша во кулоарите – Катица ја штити Катица! Имено, има шпекулации дека Јанева испраќа пораки дека во случај да мора да им се придружи на Боки и на Кичеец, таа има намера „да проговори“, со цел и други да повлече со себе во бездната.
Дополнителен проблем е што неколку бизнисмени веќе далe искази во истрагата дека биле рекетирани на сличен начин како и Камчев, а еден од нив својот исказ го поткрепил и со изјава на сведок. Дел од бизнисмените од кои осомничениот Јовановски и групата директно изнудувале пари (повикувајќи се на пријателството со Катица Јанева и на компромитирачки материјали од СЈО), сѐ уште молчат за рекетот, но веќе наголемо се шпекулира за нивните имиња и се проценува дека нивното натамошно одолговлекување да дадат искази може сериозно да ги доведе во ситуација и самите кривично да одговараат. Особено ако „пропеат“ двајцата осомничени, а пред сѐ самиот Боки 13-ка, кој наводно веќе испраќал такви пораки.“
Comments are closed for this post.