Има сериозни разијдувања меѓу Министерството за надворешни работи и надворешнополитичкиот тим на премиерот Кирил Петков околу прашањето за евроинтеграцијата и преговорите на РСМакедонија, потврди министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за БНТ.
Таа исто така изјави дека нема документ меѓу Македонија и Бугарија, што би бил основа за договор.
-Речиси ништо од останатите четири точки од протоколот 4+1 не е исполнето од страна на Скопје, објасни таа.
Таа појасни дека нема време до крајот на француското претседателство да биде отворен Уставот на РС Македонија, со цел впишување на Бугарите во него како државотворен народ.
Копретседавачот на Демократска Бугарија, Христо Иванов потврди дека е очигледно оти има структурен проблем во коалицијата и нема начин да има промени околу прашањето за С Македонија без одлука на Народното собрание. Недоразбирањата меѓу две амбициозни дами од две различни партии, според него, не може да бидат пренесени на позицијата на РСМ.
Comments are closed for this post.