Премиерот Зоран Заев го разбуди гневот и револтот на граѓаните откако и по четири дена од трагичната несреќа во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица уште не се појавил во јавност, ниту пак соопшти дали ја прифаќа понудената оставка од министерот за здравство Венко Филипче.

Само преку статус на фејсбук Заев рече дека ќе чека да заврши истрагата за трагичниот настан па потоа ќе ја соопштел одлуката за оставката и на Филипче и на неговиот заменик.

Подолу следат коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.