Граѓанско демокртската унија бара лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со пазарења и да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите .

Повторно сме сведоци на политички пазарења, сега за СЈО. Во право е премиерот кога вели „кои се Мицкоски и Заев па да кажуваат дали им се допаѓаат обвинителите“, а ние прашуваме кои се СДСМ и ДПМНЕ да преговараат за обвинителството, зад затворени врати да кројат решенија кои им одговараат само нив?! Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството? Дали политичкиот пазар е европска вредност?“, се наведува во соопштението на ГДУ.

ГДУ потсетува дека реформите се неопходни и оти за добивање датум за почеток на преговорите клучни се реформите во правосудството, но не реформи кои се плод на политички пазар.

СЈО не смее да се укине. Мора да ја врати довербата кај граѓаните, да работи неселективно и да ја оправда целта – бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Сомнежите постојат и тие се оправдани, ова е тест пред бриселската одлука Заев и Мицкоски да покажат дека не се борат за скриена амнестија и созавање можности да се избегне правдата“, се додава во соопштението на ГДУ.